Кучето секогаш е најдобар пријател на човекот, затоа не е чудно што ова животно е најчестиот куќен миленик...
Одберете го вашиот омилен вид на куче и откријте го сопствениот карактер.
Булдог
Оваа група на кучиња е многу одлучна, упорна и не се откажуваат од својот план. Сопствениците на булдог се срдечни личности и сакаат да се смеат, но, многу тврдоглави исто така. Тие се многу методички во извршувањето на работите и задачите. Романтични и се чувствителни.
Териер
Тие се енергични и весели разиграни кучиња. Љубителите на териер се многу флексибилни и луѓе што лесно се прилагодуваат и ги вршат сите работи во животот. Тие се многу храбри, со натпреварувачки дух и сакаат предизвици. Зборлести се, друштвени и имаат одлична смисла за хумор.
Лабрадор и ретривер
Овие видови се многу дружељубиви, со добар и стабилен карактер. Фановите на оваа група на кучиња, го ставаат семејството на прво место и многу се грижливи и со нив е лесно да се живее и да се планира заеднички живот. Тие сакаат да се дружат и затоа ги нарекуваат друштвени пеперутки. Поштени се и пријателски расположени.
Бигл
Оваа раса на кучиња е многу енергична и лојална. Нивните сопственици се многу отворени и љубопитни луѓе, кои им се радуваат на новите животни предизвици и искуства. Тие се добри пријатели и секогаш е топло и забавно кога сте со нив, но понекогаш сакаат да бидат и палави.
Малу кучиња
Таканаречените „кучиња играчки“, како што се пудлици, пинч и чивава, се многу интересни и забавни. Сопствениците на овие раси се многу среќни луѓе кои, лојални и искрени. Тие сакаат многу патувања и дружење, а добро се забавуваат во секоја ситуација. Тие се многу уредни и организирани, секогаш се грижат за својот изглед.
Боксер
Енергична и моќна раса на куче, со кое никогаш не е досадно. Обожавателите на оваа раса живеат со мерак и се многу весели и разиграни. Тие се секогаш во движење и акција и многу лесно создаваат нови пријателства. Среќни се луѓето со кои нема здодевност.
Кокер шпаниел, кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс и шпаниел Бретон
Ова е многу позитивна и нежна раса. Фановите на овие кучиња се многу пријателски расположени и чувствителни личности, од доверба.
Германски, швајцарски и белгиски овчар
Многу силна и лојална раса. Љубителите на овие кучиња се вистински и искрени пријатели. Верни партнери се и лица од доверба. Луѓето за кои се грижат и кои ги сакаат, се подготвени да направат сè.
Ротвајлер
Храбра и лојална раса. Сопствениците на овие кучиња се полни со самодоверба. Тие се вистински пријатели и добри партнери. Мирни се и малку пасивни, но кога ќе се најдат во небрано, многу брзо реагираат, така што може да се каже дека имаат "краток фитил".
Мопс
Оваа раса се нарекува мал кловн во светот на кучињата. Луѓето што ги сакаат се весели и позитивни личности. Тие сакаат да бидат во друштво, уживаат, се опуштаат, се галат и бараат внимание. Тие се искрени, но со лицата што им одговараат со карактер и однесување.
Доберман и босерон
Верни и одлучни кучиња со силен карактер. Луѓето што ја сакаат оваа раса се многу организирани и сакаат да работат според план и ред. Вредни и работливи, кои секогаш ги постигнуваат своите цели, но на префинет и софистициран начин.
Сибирски хаски
Енергични и позитивни кучиња. Сопствениците на оваа раса се спортски активни, без разлика дали учествуваат аквитно во него, или навиваат од дома. Понекогаш тие имаат многу силни ставови и изгледаат како тврдоглави, но се всушност многу чувствителни личности.