Saturday, 20 December 2014 19:10 Занимливости

Многу родители се нашле во замка помеѓу совршеното родителство и реалноста...



Во одредени ситуации родителите им кажуваат на децата одредени нешта за кои мислеле дека никогаш нема да ги кажат, а тоа се всушност грешки што порано ги правете и нивните родители. Кога сме под стрес често им кажуваме на децата нешто што не треба, ова се дел од ситуациите.

1. Остави ме малку на мир! Оваа изјава може да им ја наруши самодовербата на децата затоа што ги отфрлате од себе и така може да помислат дека не може да разговараат со вас кога сакаат да ве прашаат или да ви кажат нешто многу важно.

2. Не плачи! „Немој да бидеш бебе“, „Не плаши се“ и сличните пораки за децата, кажуваат дека нивните емоции не се важни и дека не ги разбирате. Природно е родителот да сака да го заштити детето од лоши емоции, но тоа не е соодветен начин.

3. Јас ќе ти дадам причина за плачење! Заканите се резултат од фрустрациите на родителот и воопшто не се ефикасни.

4. Чекај па да видиш кога татко ти ќе си дојде дома! За да бидете ефикасни, мора да знаете да делувате веднаш и сами, а не да го ставате таткото во улога на лош полицаец. Сами си го поткопувате својот авторитет, бидејќи покажувате беспомошност и поради одложувањето на дисциплинирањето на детето, тоа нема да биде свесно што направило лошо.

5. Побрзај или ќе останеш сам/а! Пренатрупаниот распоред, роковите, недоволното спиење се само неколку од причините за лошите постапки на родителите. Ако секој ден го брзате детето вака ќе му создадете чувство на вина, а нема да го забрзате воопшто со вакви притисоци. Обидете се да ги забрзате работите на посмирен начин. Кажете му дека ќе му помогнете, но дека е супер што се труди или едноставно земете повеќе време за одредени работи, за кои претпоставувате дека би можеле да траат подолго.

6. Како не можеш, па тоа е лесно! Она што ви е лесно вам, на детето не му е, а ако сметате дека постои лесен начин да совлада одредена работа, тогаш мора да му покажете, а не да му поставувате прашања кои ќе го направат нервозен.

7. Погледни колку е мирен/на брат ти/сестра ти! Со ваков начин на комуникација и споредба помеѓу браќа, поттикнувате само ривалство. Ова е неприфатливо. Секое дете е различно и треба да се набљудува поединечно, во никој случај не смее да се споредува.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...