Wednesday, 09 April 2014 10:14 Занимливости

Валерија Лукјанова е позната како „живата Барбика“, која изгледа идентично како кукла...



Таа вели дека поради мешање на човечките раси, луѓето не изгледаат убаво, туку се грозни и дегенерирани, што порано не било случај, па затоа сега пластичните хирурзи имаат полни раце работа за исправување на генетските грешки.

„Се сеќавате ли дека колку биле убави жените во 50 и 60-те години од минатиот век и тоа без никакви операции? Сега, благодарение на дегенерацијата го добивме тоа што го имаме. Русите се женат со Ерменци, добиваат дете, убава девојка, но таа за жал го добива носот на татко и. Потоа таа оди на пластична операција, малку ќе го намали и се ќе биде во ред“, рекла Валерија.



„Идејата да имам деца кај мене предизвикува гадење. Попрво би умрела од маки, бидејќи најлоша работа на светот е да се води фамилијарен живот“, рекла Валерија.

Вели дека никогаш не посетила пластичен хирург

Валерија станала позната во 2012 година, кога нејзините видео клипови за „духовно советување“ станале светска сензација. Нејзиниот чуден и неприроден изглед поттикнал размислување кај другите, за тоа колку операции би биле потребни за да се постигне ваков изглед. Меѓутоа, таа тврди дека сето тоа е резултат на напорно вежбање и строги диети. Нејзините половини имаат обем од 45 см, има големи очи и големи гради.

„Сите сакаат да бидат витки, Сите ги зголемуваат градите. Сите го средуваат лицето ако не е идеално, зарем не? Сите сакаат совршен изглед“, рекла Валерија.



Се храни со воздух

Лукјанова изјавила дека практикува бретаријанизам, што претставува псевдо-наука, според која луѓето мислат дека можат да црпат повеќе енергија од воздухот и сонцето, отколку од храната. Луѓето што имаат ваков начин на живот, страдале од глад, дехидрација, а некои дури и починале.

„Последните неколку недели воопшто не чувствувам глад. Се надевам дека тоа е завршна фаза пред да можам навистина да живеам само од воздух“, рекла Валерија во Февруари.

Нејзиниот сопруг е градежен работник и нејзин менаџер.

„Маж ми ме познава над 10 години и се навикна да бидам најубава на сите забави, уште кога одевме на училиште заедно“, рекла Валерија.

Кога ја прашале дали маж и е човечко битие одговорила дека не сака да зборува за тоа, бидејќи не сака да му ја расипе репутацијата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...