Friday, 28 March 2014 11:23 Занимливости

Тешко е да се дефинира интуицијата во нашите животи, но тврдиме дека со сигурност дека игра многу важна улога за нас...



Речиси не постои личност која барем еднаш во животот не почувствувала нешто во стомакот, кое ви кажува каков избор да направите кога треба да одлучите нешто. Еве што прават луѓето со интуиција.

1. Го слушаат својот внатрешен глас, тоа е голем дар кој треба да се искористи. Разликата помеѓу луѓето со силна и слаба интуиција не е тоа што првите имаат подобра интуиција, туку разликата е тоа што тие ги слушаат чувствата во стомакот и својот внатрешен глас. За да ја донесеме најдобрата одлука, неопходна е рамнотежа, која се наоѓа помеѓу инстинктите (интуиција) и разумот (рационално размислување).

2. Интуитивните луѓе се креативни и постојатно се развиваат.

3. Ако сакате да го подобрите контактот со сопствената интуиција, тогаш ви треба малку време да бидете сами. Самотијата може да ни помогне да се поврземе со сопствената внатрешна мудрост, која ја занемаруваме поради секојдневните обврски и луѓето околу себе. Затоа интуитивните луѓе често се затворени и повлечени. Меѓутоа, без оглед на тоа дали сте дружељубиви или не, секогаш ќе ви влијае позитивно ако поминете малку време одвоени од цел свет.

4. Медитираат. Не мора да биде тоа класична медитација, туку за некој тоа може да биде уживање на тераса со шолја кафе, со цел исфрлање на сите мисли од главата. Така луѓето полесно можат да станат повеќе свесни за одреден проблем, а со самото тоа и полесно доаѓаат до решенија.

5. Знаат како да се одморат. Според експертите ние сме секогаш во контакт со својата интуиција, но постојаните обврски ни пречат во оваа врска. Стресот и постојаната работа ни ја пореметуваат интуицијата. Проблемот кај обичните луѓе е во тоа што се премногу зафатени за да ја слушнат својата интуиција. Затоа интуитивните луѓе знаат кога е премногу и кога треба да најдат малку време за себе и одмор.

6. Не ги задржуваат силните емоции (особено негативната енергија) во себе, бидејќи тие ја попречуваат интуицијата. Многу луѓе се свесни дека не не се чувствуваат добро кога се гневни или лути, а тоа е можеби токму поради тоа што не сме во контакт со нашата интуиција во таквите моменти. Тоа не значи дека интуитивните луѓе никогаш не се лутат, туку тие знаат како брзо да се отарасат од таа негативна енергија.

7. Обраќаат внимание на соништата. Вашите соништа се сликата за она што несвесно размислувате. Соништата и интуицијата спаѓаат во несвесните работи. Кога спиете вие добивате информации од несвесниот или интуитивниот дел од својот мозок. Затоа следниот пат обрнете внимание што сонувавте и размислете за тоа што сака да ви каже вашата потсвест.

8. Тие се поврзуваат длабоко со другите. Можеби ова ви звучу како научна фантастика, но вистина е дека постојат луѓе кои многу добро внимаваат на своите соговорници, поради што лесно можат да влезат во нивната глава. Се работи за способноста за да се ставите во туѓа кожа, која може да ви помогне подобро да се запознаете себеси и луѓето околу вас, но и да ја зајакнете вашата интуиција.

9. Тие го слушаат своето тело. Кога ќе се случи и најмала промена тие ги препознаваат не-пријатните чувства во стомакот, кои можат да бидат предупредување дека нешто не е во ред. Многумина велат дека во стомакот се наоѓа „вториот мозок“, па затоа интуитивните луѓе не ги избегнуваат овие знаци.

10. Внимаваат на се. Првата работа што треба да ја направите за да станете интуитивни е да почете да забележувате се, па дури и најмалите промени, што можете да го запишувате и во дневник. Така многу брзо ќе добиете увид во тоа колку често имате случајности и изненадувања во вашиот живот, но ќе можете да забележите и кога била во право вашата интуиција.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...