Monday, 25 November 2013 16:55 Занимливости

Ѓаволска работа. Џени Вест од од Колорадо добила телефонски повик и 48 СМС пораки од сатаната...



Ѓаволот ја повикал додека го доела синчето. Бидејќи не можела веднаш да се јави, Џени била шокирана кога видела дека има пропуштен повик од бројот 11-666-666-0666.

„Се плашев. Бев толку поспана и уморна, но кога го видов бројот, се исплашив“, раскажува Американката. Се чини дека повикот не бил доволен, бидејќи Џени добила 48 текстуални пораки од различни броеви, но во секоја имало по еден збор - Сатана.

„Бев толку запрепастена. Таа ноќ не спиев. Се молев и се надевав дека ништо нема да се случи“, вели Вест.



Целата бизарна приказна добила епилог следниот ден кога Џени свртела на ѓаволскиот број. Излегло дека ова е груба шега, бидејќи таа добила порака дека бројот што го повикувала не е во употреба повеќе. Исто така, ниту еден од 48-те броеви од кои добила пораки не е во употреба.

Надлежните сметаат дека најверојатно станува збор за добро организирана црна шега, бидејќи Џени разделила голем број на флаери со нејзиниот телефонски број кога го започнувала својот бизнис.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...