Monday, 04 November 2013 12:07 Занимливости

Се чувствувате ли како вашиот живот да е едно непрекинато друштвено случување каде едвај успевате да најдете 5 минути мир?  Веројатно патите од сериозен социјален замор. Еве како да го разчистите својот друштвен живот, за да добиете неколку минути одмор...

Бидете немилосрдни
За почеток мора најважните пријателства да ги одвоите од оние неважните. Поминете повеќе време со оние луѓе со кои ви е пријатно и кои ќе ви го подобрат расположението. Вашето време е драгоцено и затоа трошете го само на луѓе за кои ви е грижа. Тоа не значи дека сите други целосно треба да ги исклучите од својот живот, но приоритет мора да ви биде дружењето со оние кои ве сакаат и кои вие ги сакате.

Направете распоред
Знаеме дека изгледа глупаво во својот распоред да ги запишувате договрените дружења, но сепак направете го тоа. Освен тоа, во својот распоред дозволете си прошетка, купка или лежење и гледање филм или било што друго кое ве весели и одмара. Важно е само да си обезбедите време кое ќе биде само ваше. Исклучете го компјутерот, мобилниот и посветете си време за себе.

Немојте да бидете "дама"
Иако вам можеби ви се чини преостро, понекогаш на пријателите кажете им дека едноставно сте презафатени. Немојте да мислите дека треба да бидете присутни на секое случување. Кажете не, но тоа направете го на тактичен начин. Кажете дека секако би сакале да дојдете, но дека баш тогаш не можете и понудете некој друг термин, кога не сте толку зафатени.

Заборавете на стравот
Навистина е време да го занемарите стравот дека нешто важно и незаборавно ќе пропуштите. Не морате секогаш се да контролирате, дајте си пауза, седнете на кауч и длабоко издишете.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...