ВИЦ
Се шетаат две џуџиња низ Охрид. Ги прашува некој: ТОП ВИДЕО |
Monday, 09 May 2011 19:49
Филм
Излегоа првите слики од сетот на најновиот филм за суперхеројот Спајдермен, со Ендру Гарфилд во главната улога... Овие нови слики од сетот на Спајдермен се сосема доволни за да се разгорат сетилата на фановите на Спајди. Тие се првите погледи на британскиот актер, Ендру Гарфилд, 27 години, како влегува во улогата на обичен човек со пајажеста тајна, очилестиот Питер Паркер. Играјќи ги сцените на Питер значи дека Гарфилд не требало да работи нешто потешко на сетот во Њујорк вчера. Најголемата опасност, всушност, беше качувањето на покривот на неговиот измислен дом во модерната SoHo област од градот. Но, тоа не може да се каже дека не се драматични сцени, меѓутоа, затоа што во одредена точка, Ема Стоун, 22 години, која ја игра Гвен Стејси, девојка заљубена во Паркер, прсна во солзи додека ја снимаше сцената под чадорот, додека „магичен“ дожд паѓаше околу неа. Ова беше очигледен сегмент од новиот филм, што Columbia Pictures објави дека ќе се вика The Amazing Spider-Man, и дека ќе се занимава повеќе со врскита на Спајди, отколку со скокање од зграда на зграда. Филмот ќе биде снимен со 3D технологија и ќе биде еден од најголемите летни блокбастери кога ќе биде објавен во 2012 година. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|