ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 03 May 2011 09:57
Филм
Откачени аутфити, луди фанови, подеми и падови по патот се само дел од новиот филм на Кејти Пери за неа самата... Кејти Пери штотуку објави слики од филмот за нејзиниот живот зад сцената, насловен како Katy Perry Concert Candy. Но, изгледа дека турнеите не се секогаш слатки и лесни за 26 годишната пејачка. Во погледот зад сцената на нејзината неодамнешна распродадена турнеја во САД, пејачката открива некои тешкотии од животот на пат. „Патот почнува да ти го завиткува телото и те прави да изгледаш како некој војник“, вели таа во снимката, која ја постираше на својата веб страница. „Штотуку го поминав Атлантикот за само три дена.“ Ѕвездата може да се види во многу различни аутвити и розеви женствени сукни во видеот, што покажува дека Кејти мора да помине низ најразлични промени на костимите за шоуто. Исто така дознаваме дека му посветила песна на нејзиниот сопруг, британскиот комичар, Расел Бренд. Меѓутоа, иако повеќето од времето го поминува во напорна работа, Кејти може да биде видена и како се забавува со нејзините танчери и членови на тимот по концертот. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|