Продуцентите на свеченоста доделување Оскари се одлучија за големи промени...
Овогодишното доделување на Оскарите кое ќе се случи во недела на 27 февруари во театарот Кодак во Лос Анџелес ќе ни биде претставено во сосема ново руво. Брус Коен и Дон Мишер, продуцентите на доделувањето на најпрестижните филмски награди ги претставија големите промени во новиот број на The Hollywood Reporter.
1. Најмладиот водителски пар во историјата
Најважниот фејслифт на Оскарите ќе претставуваат двајцата водители Ен Хетавеј и Џејмс Франко. Дваесет и осум годишната Хетавеј и триесетгодишниот Франко се двајцата најмлади домаќини на шоуто во историјата на доделувањата. „Тие не се недопирливи, напротив, тие се пријатни и не бегаат од комуникацијата со обожавателите“, изјавија Коен и Мишер и заклучија: „Веруваме дека нивната младост и отвореност ќе одигра голема улога кај гледачите.“
2. Машки и женски водители за прв пат заедно на сцената
Во историјата на телевизиското емитување на Оскарите никогаш се нема случено женско-машко водителско дуо да ја дели сцената во исто време, така што Хетавеј и Франко и во тој поглед се први.
3. Мајките на номинираните
Дел од промената се и „Мајките на номинираните“. За доделувањето во потполност да се хуманизира, продуцентите ангажирале двет мајки на номинираните глумци и една баба (онаа на Франко), кои ќе бидат активни на своите твитер профили за време на доделувањето и се разбира никој не очекува дека нема да постојат непристрасни коментари.
4. Виртуелна сценографија
Продуцентите ја отфрлиле традиционалната идеја за серии од проекции на големото платно, туку се одлучиле храбро да зачекорат во светот на виртуелната реалност со што шоуто константно ќе го менува изгледот. Виртуелниот погодок кој сакат да го постигнат продуцентите е Хетавеј и Франко да ги поведат гледачите на пат во историјата на Холивуд низ шест до седум виртуелни промени на сцената. „Сакаме оваа година сите присутни метафорично да ја напуштат салата во Кодак и виртуелно да го доживеат до сега невиденото“, изјави Коен.
5. Голем детски хор за време на доделувањето
Оваа година на сцената ќе настапат The P.S. 22 Chorus, училишен хор од островот Стејтен кои посебно треба да ја издигнат песната Over The Rainbow на едно поинакво ниво, на што Коен многу се радува и храбро најавува: „Ќе видите какво шоу се во состојба да направат овие десетгодишници!“
6. „Довидување“ на филмските исечоци
Продуцентите се одлучиле да се ослободат од еден познат елемент за Оскарите, односно од поголемиот број на филмски исечоци во улога на најави, за да постигнат поголема динамика. Тоа не се однесува на исечоците од филмовите кои се во номинација за најдобри, но Коен и Мишер не кажаа кои категории ќе останат без таа форма.
7. Нема веќе ни „пет сведочења“
Исто така се откажаа и од така наречените The Five-Presenter Testimoniala, односно праксата, пет презентери да дадат коментар за секој глумец номиниран за најдобра машка улога, како и за глумиците номинирани за најдобра женска улога. Петте сведочења беа формирани пред две години, но според мислењето на овогодишните продуценти не се покажало како доволно успешна форма.
8. Враќање на изведбата во живо на номинираните песни
Продуцентите се одлучиле дека сакаат да ја оживеат традицијата, која минатата година беше укината, па во живо да се изведат четирите номинирани песни. Па така, Ренди Њуман ќе ја изведе We Belong Together од филмот Toy Story 3, Менди Мур и Закари Леви ќе го испеат во дует I See The Light од филмот Tangled, Алан Мекин и Гвинет Палтроу ќе ја испеат Coming Home од филмот Country Strong. Со обѕир дека Дајдо нема да може да наспати, а е номинирана со Рол Армстронг и А. Р. Раман за песната If I Rise од филмот 127 Hours, на сцената ќе ја замени Флоренс Велш од групата Florence + The Machine.