По скалилото на најскапите и најдобрите филмови, доаѓа ред и на оние кои не само што не ги оправдија очекувањата на продуцентите, туку и директно ги засрамија. За нив се потрошени огромни буџети и се ангажирани познати актери, а резултатот беше фустрирачки:
1.The adventures of Pluto Nash
Август 2002
Трошоци: 100 милиони $
Приходи во САД: 4.4 милиони $
Еди Марфи е неверојатен. Во последни 5 филмови, донесе загуби од вкупно 250 милиони долари и интересно е како продолжуваат да му нудат улоги.
Излегувањето на овој филм беше забавено со 14 месеци,но не затоа што некој чекаше со нетрпение да гледа гангстерска комедија со роботи на Месечината.
2.Battlefield Earth
Мај 2000
Трошоци: 75 милиони $
Приходи: 21 милиони $
Џон Траволта направи голема грешка со овој филм. Дејствието се базира на роман од 1972 на саентологот Рон Хаборд и според Траволта требаше да биде нешто како новиот "Star Wars". На сето тоа инвеститорите во Franchise Pictures, кој имаа несреќа да го финансираат проектот го тужат студиото поради надуениот буџет до 100 милиони $. Филмот го покрва само првиот дел од романот, а за вториот сигурно нема никогаш да биде создаден.
3.Land of the lost
Јуни 2009
Трошоци: 100 милиони $
Приходи во САД: 65 милиони $
Филмот со учество на Вил Ферел не привлече никаков интерес и беше една од причините за двајца топ менаџери на студио Universal да си ги загубат позициите.
4.Gigli
Август 2003
Трошоци: 54 милиони $
Приходи: 6.1 милиони $
Тешко е да се замисли како најпопуларната двојка во светот во тоа време - Бенифер (Бен Афлек и Џенифер Лопез) можеа да направат толку лош филм, кој никој не сака да го гледа, но тие успејаа!
5.Town and country
Април 2001
Трошоци: 90 милиони $
Приходи во САД: 6.7 $
25 години по успехот на "Shampoo" Ворен Бити решил дека е време за уште една секс комедија. Тој некако успева да го убеди студио New Line,кое е насочено кон млада публика, да го финансира проектот, а тој никако не е евтин. Фотографиите започнаа во 1998, кога финалната верзија на самото сценарио се уште не е подготвено.10 месеци подоцна тој сеуште не е готов и некои од актерите, како Дајан Китен, го напуштаaт заради други проекти. Цела година потоа актерите се собираат повторно и кога филмот е готов, цената му се дигнала до 90 милиони (од првично предвидените 44 милиони), а приходите во САД за помалку од седум милиони долари.
6.Catwoman
Јули 2004
Трошоци: 100 милиони $
Приходи во САД: 40 милиони $
Филмот од критичарите се определува како доказ за тоа дека само јаки актерки во главни улоги не прават јак филм. Во случајот женското дуо беше Хали Бери и Шерон Стоун, а режисерот Питоф си замина за Франција, и повеќе не прави ништо во САД.
7.The invasion
Август 2007
Трошоци: 80 милиони $
Приходи в САД: 15.1 милиони $
Тоа е римејк на филм од 1956 и една од најголемите провали на Никол Кидман. Само погледнете ја разликата помеѓу расходите и приходите.
8.Rollerball
Февруари 2002
Трошоци: 70 милиони $
Приходи во САД: 19 милиони $
Актерите, Жан Рено, Крис Клајн, Ребека Стамос и Ел Ел Кул Џеј беа одредени од критиката како група C-list ѕвезди, соодветна повеќе за ТВ продукција отколку за филм со голем буџет. Студиото пак го одложи пуштањето на филмот цели четири пати, кое го забави филмот за цела година и отсече некои делови, кои се сметаат за вулгарности. Неуспехот во крајна сметка може да се каже дека ја расипа кариерата на режисерот Џон Мактернон, кој од тогаш досега направил само уште еден филм.
9.Grindhouse
Април 2007
Трошоци: 67 милиони долари
Приходи во САД: 25 милиони долари
Овој пат Квентин Тарантино и Роберт Родригез се исфорсираа. Тричасовниот филм тргна лошо во САД, по што продуцентите го разделија на два дела и ги пуштија одделно во странство.
10.The Spirit
Декември 2008
Трошоци: 60 милиони $
Приходи во САД: 19.8 милиони $
Овој филм е класичен случај на тоа како прекрасни режисери како Френк Милер понекогаш прават ужасни филмови. Учествуваат Семјуел Џексон и куп девојки (Скарлет Јохансон, Ева Мандез и др.), Но тоа не го спаси филмот.