Thursday, 08 August 2013 16:09 Филм

По играњето на улогата на Стив Џобс во новиот филм за неговиот живот, Ештон Качер вели дека му се восхитува на основачот на "Apple" компјутери, затоа што успеал да создаде рамнотежа меѓу јавниот и приватниот живот...



"Подобар е во тоа и од мене", изјавил 35-годишниот актер за АП. "Оваа работа (шоу-бизнис) има тенденција да ве принуди да бидете повеќе јавна личност, отколку што го сакате".

Актерот, кој е мета на таблоидите после прекинувањето со постарата колешка Деми Мур и врската со колешката од серијата „Веселите 70-ти“ со Мила Кунис, убаво знае за што зборува, но тврди дека сега е многу подобар во таа игра.

"Мислам дека научив како да ја ограничам јавната личност и во текот на годините почнав да ја сфаќам вредноста на приватноста", рекол Качер.

Глумецот во филмот го игра техно-пророкот, кој со Стив Возниак ја започнал револуцијата кај персоналните компјутери.

Џобс почина пред 2 години од рак на панкреасот. Имаш само 56 години.

Качер вели дека, истражувајќи ја улогата, го открил "Стив кој не го покажувал секога вистинскиот Стив".

"Типот со очила, фармерки и црн џемпер, кој зборува за нов, голем, неверојатен производ... тој не бил секогаш тој човек. Всушност, еволуирал во личноста на ист начин на кој јас не сум денес на 35 години истиот човек каков што бев на 25 или 15", изјавил Качер.

Филмот "Jobs" (Џобс) пристигнува во кината на 16 август.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...