Tuesday, 11 June 2013 16:23 Филм

Од продажба на серии Турција заработува годишно над 130 милиони долари...



Не само Македонците луди по „Сулејман“, туку цел свет „полуде“ по турските сапунски. Ако турска теленовела пред 5 години чинеше 4.000 долари од епизода, сега цифрата е мултиплицирана и достигнува неверојатни 150.000 долари... по епизода!

„Сулејман Величествениот“, „Езел“ и другите сапуници се гледаат во 70 земји, вклучувајќи ги и Брегот на Слоновата Коска, Сејшели, Габон и Виетнам. Американците дури имаат намера да инвестираат 3 милијарди долари во турската филмска продукција.

„Растот на извозот од нашите серии е многу важен за промоција на Турција. Турските серии се гледаат дури и на Брегот на Слоновата Коска, Мали, Габон, Сејшели и Виетнам“, изјавил Абдурахман Челик од турското Министерство за култура и туризам. Исто така, официјалните податоци покажуваат дека поради „турскиот сериски бум“ во светот, драматично се зголемил бројот на туристи од земјите каде што се прикажуваат сериите.

Уште поинтересно е што Мексиканците ги откупуваат правата од турските серии „Езел“ и „Север Југ“, за да направат свои верзии од нив.

Тоа не е сè, турскиот министер за економија Зафер Каглајан неодамна потврди дека владата сака да направи Холивуд на Босфорот, регионален филмски центар, а во тек се преговори со компанијата „Entertainment Development Partners“ од Лос Анџелес, која сака да инвестира 3 милијарди долари во турската филмска продукција.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...