Friday, 31 May 2013 17:19 Филм

Актерот Метју Пери се отвори за проблемите со кои се соочувал за време на најуспешниот период во својот живот...



Се работи за периодот кога тој глумеше во популарната поранешна хит серија „Пријатели“.

Метју Пери конечно ја призна неговата зависност од алкохол и дрога. Признава дека со текот на времето станал експерт за успешно сокривање на неговата зависност од колегите актери - Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Лиза Кудроу.



„Најголем проблем беше алкохолот, но и дрогата. Мислам дека бев прилично добар во сокривањето на своите тајни“, изјавил 43-годишниот актер, кој во 1997г. бил на 28-дневна програма за одвикнување од викодин.

Повторно бил на рехабилитација во 2001 година, со цел конечно да се отараси од зависноста од викодин, метадон, амфетамини и алкохол.



„Страви ми е и да ги погледнам фотографиите кога минев низ овој период. Јас бев болен човек“, рекол Пери, кој во „Пријатели“ го глумеше познатиот и комичен Чендлер. Снимањето започна во 1994 година, траеше 10 години, а Пери тогаш стана еден од омилените ликови на Америка.

Кога се излечи, Пери одлучи да им помага на зависниците. Неговиот дом во Малибу го направил центар за зависници, за да се лекуваат и да се вратат во реалниот свет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...