Tuesday, 28 May 2013 18:34 Филм

Мерием Узерли го напушти снимањето на популарната серија поради ментални проблеми и депресија и веднаш и најдоа замена...



Оваа вест сигурно ќе ги разочара обожавателите на црвенокосата Германка! Една од најпопуларните турски актерки Мерием Узерли нема повеќе да го толкува ликот на Султанката Хурем во хит серијата „Величествениот Сулејман“! Мерием ќе биде заменета со 36-годишната актерка и пејачка Гулчин Сантирчиоглу.

Од анонимна девојка стана најпознатата турска актерка со огромен хонорар, но со популарноста стигнуваат и проблемите. Прво стана многу дебела, а потоа ослабна и стана непрепознатлива. На крај им соопштила на продуцентите дека се откажува од снимањето и се враќа во Берлин.



Пријателите велат дека Узерли му го дала мобилниот телефон на неговиот татко, не одговара никому и во Германија моментално се наоѓа во клиника. Со неа е нејзиниот свршеник Кан Атеш. Продукцијата била шокирана од нејзината одлука дека не може повеќе да снима филм.

- Лошо ми е, не можам повеќе. Не можам да издржам во Турција. Ќе се вратам во Берлин - рекла пред неколку дена Мерием.

Иако Мерием стана заштитен знак на оваа серија, сепак улогата ќе ја добие актерката Гулчин Сантирчиоглу. Сега оваа црвенокоса пејачка и актерка ќе ја има главната женска улога, која има голема сличност со Хурем и е неодолива.

Гулчин (36) е пејачка и актерка, а нејзината телевизиска кариера започнала во 2005г. Глумела во 5 филмови и неколку серии. Новата Хурем е многу постара од Мерием, а како таа ќе се снајде со нејзината улога, ќе видиме допрва.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...