Friday, 01 March 2013 10:09 Филм

Древноиндискиотт еп "Камасутра" ќе биде снимен во три и четири димензионалнен формат...

Снимките од првиот дел на "Камасутра", која ќе излезе на 3D, веќе одат со полна пареа. Режисер на филмот е Рупел Пол, кој е познат исто така како новинар и поет. Тој стана познат пред се со екранизацијата на "Свети Дракула" - необичен поглед кон животот на балканскиот гроф - вампир.

По излегувањето на првиот дел на "Камасутра", режисерот ќе пристапи кон снимањето на нејзиното продолжение, но веќе во формат 4D. "Содржината на првиот филм предвидува негово продолжение", изјави Рупел Пол. "Ќе снимаме со холивудска актерка, за да можеме да излеземе на пазарот на Северна Америка и другите континенти", рече тој и додаде дека форматот 4D ќе даде можности за експерименти во "апсолутно поинаква димензија".

Научниците претпоставуваат дека авторот на "Камасутра" живеел на полуостровот Индостан во трети или четврти век од нашата ера.

Книгата содржи 64 поглавја, собрани во 49 делови, кои за возврат се обединети во седум раздели. Во неа се размислува за улогата на љубовта во животот на човекот, анализирајќи ги семејните односи меѓу мажот и жената.

Форматот 4D е комбинација на 3D и различни физички ефекти. При гледањето на таквиот филм гледачите можат да ги чувствуваат движењата на фотелјата, мириси и дури шлапкањето на водата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...