Tuesday, 19 February 2013 16:26 Филм

Британската актерка ќе ја игра холивудската дива во новата драма на телевизијата BBC, „Бартон и Тејлор“, а Ричард Бартон ќе го отелотвори Доминик Вест.

Дејствието на овој филм ќе биде базирано исклучиво на љубовниот однос на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во 1983 година кога заедно играле во претставата „Приватни животи“.

„Таа имала 51 година кога ја прифатила улогата во ‘Приватни животи’, но и понатаму била ѕвезда и била преубава. Тие двајца се уште и биле потребни еден на друг, но на професионално поле. Таа претстава е важна затоа што само во неа биле целосно сами на сцената и играле поранешни сопружници, што всушност навистина биле... И се радувам на улогата“, вели Хелена.

Популарната претстава на Бродвеј изведена е само 63 пати и тоа е воедно и последниот заеднички проект на двајцата актери.

Освен по фантастичните улоги кои ги остварила во својата повеќедецениска кариера, Елизабет ќе остане запаметена и по бројот на бракови - се мажела осум пати, и тоа два пати за Бартон.

Во филмот Liz & Dick, кој премиерно е прикажан во ноември минатата година, легендарната актерка ја глумеше Линдзи Лохан, а филмот во главно се занимава со нејзиниот живот во 1963 година, кога го снимала филмот „Клеопатра“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...