Sunday, 27 January 2013 14:36 Филм

Студиото Walt Disney соопшти дека режијата на седмото продолжение на франшизата „Војна на ѕвездите“ од нејзиниот творец Џорџ Лукас ќе го преземе Џеј Џеј Абрамс.

„Импресиониран сум со него како филмаџија и раскажувач. Тој е идеален избор за режисер на новото продолжение на ‘Војна на ѕвездите’ и наследството не би можело да биде во подобри раце“, соопшти Џорџ, кој своето Lucasfilm студио го продаде на Disney минатиот октомври.

Абрамс на приказната ќе работи со Мајкл Арндтом, кој доби Оскар за сценарио во филмот Little Miss Sunshine, додека продуцент ќе биде претседателката на Lucasfilm, Кетлин Кенеди.

„Чест ми е што ќе бидам дел од следното поглавје на сагага и ќе соработувам со сите тие одлични луѓе. Сега му сум, мислам, поблагодарен на Лукас за оваа франшиза отколку кога бев дете и уживав во неговото остварување“, соопшти Абрамс.

Џеј Џеј Абрамс режираше две филмски продолженија на „Ѕвездени патеки“, а светска слава стекна со филмовите „Невозможна мисија 3“ и „Супер 8“.

Премиерата на „Војна на ѕвездите 7“, првиот дел од третата трилогија, е закажана за 2015 година, а единствено се споменува дека Харисон Форд би требало да ја репризира својата улога.

Во последната трилогија снимена меѓу 1999 и 2005 Форд не се појавуваше и дури ја отфрли таквата можност, кажувајќи дека ликот веќе не му е интересен.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...