Saturday, 26 January 2013 14:01 Филм

Стив Вознијак плукаше по филмот jOBS, со Ештон Качер во улога на основачот на компанијата Apple.

Вознијак, кој со Стив Џобс ја основал компанијата Apple, се огласи по објавувањето на клипот од филмот, каде во една од сцените Качер и Џош Гад (Вознијак) дискутираат за потенцијалот на Мекинтош компјутерот.

„Тоа никогаш не се случи, тоа се глупости. Деловите од филмот кои ги видов не се во склад со реалноста“, кажа Вознијак.

Тој додаде дека „не е баш сигурен“ што куќата Open Roads сака да постигне со филмот за Џобс, ако си „поигрува“ со фактите и вистината.

Вознијак го критикуваше и надмениот став кој Качер го зазема од почетокот на филмот, кажувајќи дека Џобс на почетокот на кариерата „бил дете, како и сите други“, и дека неговата комплицирана личност се развила со децении подоцна.

„За сите вас кои ве интересира вистината за нашиот однос, постои мојата книга iWoz“, си направи една реклама на крајот.

jOBS ќе го затвори Санденс фестивалот на 27 јануари, а во кино-салите пристигнува во април.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...