Tuesday, 22 January 2013 17:57 Филм

Русите „на нож“ го дочекаа филмот за Ана Каренина со Кира Најтли во главната улога.

Иако екранизацијата на еден од најпопуларните руски класици требаше да ја прикаже Ана Каренина во целата нејзина убавина, страст, страдања, копнежи... што филмската екипа мисли дека успеала, Русите сметаат дека „раскошно илустрираната сликовница“ не е вредна за внимание и дека Кира е преслаба за оваа улога.

„Филмот можеше да биде купен и прикажан во Русија само во состојба на целосна морална каша“, е оценката на познатиот руски биограф и поет Димитриј Биков, кој предлага донесување на закон со кој во Русија би бил ставен ембарго на сите идни филмови со Кира Најтли.

„Таа воопшто не одговара на нашето видување на Ана, посебно ако ја споредиме оваа слаба актерка со Алија Тарасова, Вивиен Ли, Грета Гарбо или Татјана Самоилова“, пишува „Новаја газета“, а списанието „Афише“ смета дека Кира „едноставно не личи на руска жена од тоа време затоа што би морала да се здебели најмалку 10 до 15 килограми“.

Руските критичари не го штедеа ни Арон Тејлор Џонсон во улога на Вронски, мажествениот љубовник на Ана Каренина, истакнувајќи дека актерот повеќе личи на „пародија на книжевниот јунак“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...