Monday, 03 December 2012 08:39 Филм

На гледачите новиот филм на Питер Џексон им предизвикувал мачина и главоболка.

Револуционерната техника на снимање, брзината на камерата и 3D ефектите звучат фантастично, но очигледно не се за сите. На одредени гледачи им се слошило по гледањето на „Хобитот“.

Џексон порано рече дека користел посебна техника на 3D снимање, која бележи двојно поголем број на frames во секунда од обичната. Ова не им годело на поединци кои пријавиле дека филмот им предизвикал мачина, главоболка и мигрена.

Критичарите и професионалците се согласија дека резултатот можеби е пребрз и „пренатрупан“ со информации за човечкото око и мозок.

„Техниката на снимање ги прави кадрите на екстериер, природа или планини од птичка перспектива навистина импресивни, но ако гледате крупен кадар, на пример, лицето на некој од ликовите, ќе имате впечаток дека сликата трепери“, наведуваат од Daily Mail.

Sunday Times искуството на гледањето на „Хобитот“ во кино го спореди со возење на многу брз и стрмен ролеркостер.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...