Sunday, 18 November 2012 11:37 Филм

Режисерот на новиот документарен филм за бендот The Rolling Stones, Брет Морган, наводно работи на филм за фронтменот на бендот Nirvana, Курт Кобејн, и тоа во соработка со сопругата на Кобејн, Кортни Лав.

„Кортни ме воведе во ова и работиме на ова речиси 5 години. Мислам дека сега е вистинското време за тоа и се надевам дека премиерата ќе биде во 2014 година“, рече Морган за странските медиуми.

Според неговата приказна, филмот ќе биде „некој вид на автобиографија од трето лице“.

„Ќе биде како Курт да е тука и дека снима филм за својот живот“, рече Морган.

Кобејн, наводно, често се снимал себе и покрај тоа што бил одличен музичар, бил и добар филмаџија.

Режисерот Гас Ван Сант во 2005 година сними своја верзија на приказната за Курт Кобејн, приказната „Последните денови“.

Пејачот на бендот Nirvana се уби во 1994 година.

Неговата жена, Кортни Лав, беше водач на групата Hole, а се појави во неколку филмови од кои најзначајни се „Народот против Лери Флинт“, за кој доби Златен глобус, и „Човек на месечината“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...