Wednesday, 07 November 2012 17:46 Филм

Холивудскиот актер Харисон Форд би можел да ја репризира својата улога во новиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“.

Според пишувањето на медиумите, серијалот во кино-салите би требало да се појави во 2015 година.

Форд (70) го играше Хан Сол во првите три дела од „Војна на ѕвездите“, но не е исклучена можноста да биде вклучен во снимањето на седмиот филм од серијалот.

„Харисон е отворен за идејата да сними филм и воодушевен е поради тоа, сите тројца се“, рече добро известен извор, алудирајќи на колегите на Форд, Марк Хамил кој го играше Лук Скајвокер и Кери Фишер која ја играше принцезата Леја.

Форд стана популарен благодарение на првиот филм „Војна на ѕвездите“ од 1977 година и неговите две продолженија кои ја сочинуваа првобитната трилогија.

Во новата трилогија снимена меѓу 1999 и 2005 Форд не се појави, и дури ја отфрли таа можност, кажувајќи дека ликот повеќе не му е интересен.

Инаку, компанијата Дизни минатата недела ја купи „Војна на ѕвездите“ од компанијата на Џорџ Лукас за четири милијарди долари и најави планови за оживување на овој научно-фантастичен серијал.

„Војна на ѕвездите 7“ премиерно ќе биде прикажан во 2015 година и „ќе продолжи да ја истражува сагата Војна на ѕвездите и да ја развива франшизата за иднината“, наведено е во соопштението.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...