Thursday, 18 October 2012 16:02 Филм

На пролет 2013 ќе почне снимањето на филмовите за една од најголемите музички диви на сите времиња.

Актерката Ејми Адамс ќе ја игра во Џенис Џоплин во филмот кој ќе го режира Ли Даниелс.

Филмот за животот на легендарната пејачка ќе биде насловен по нејзината песна Get It While You Can, од четвртиот албум на Џенис Џоплин Pearl од 1971 година, кој е објавен четири месеци по нејзината смрт од предозирање на 28 години.

Ејми Адамс (40) улогата на Џенис ја прифатила уште пред четири години, но почетокот на снимањето неколку пати е поместуван, што поради зафатеноста на актерката, што поради авторските права за музика која ќе биде еден од главните мотиви на филмот кој ќе го прикаже нејзиниот цел живот.

Get It While You Can, за кој сценариото го напишал Рон Тери, кој работеше на биографскиот филм за Џими Хендрикс, во киното би требало да се појави кон крајот на следната или почетокот на 2014 година.

Во исто време би требало да се појави и вториот филм за Џенис Џоплин - Janis кој во оваа остварување ќе ја игра добитничката на наградата „Тони“, Нина Арианда.

Филмот Janis ќе се занимава со последните месеци од животот на пејачката со осврти на нејзината кариера, а би требало да биде во режија на Шон Даркин чиј деби филм Martha Marcy May Marlene доби многубројни пофалби од критичарите и награда за најдобар режисер на Санденс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...