Wednesday, 10 October 2012 18:12 Филм

Актерот Дејвид Сушеј ќе ги сними преостанатите пет приказни на Агата Кристи кои уште не се екранизирани, и ќе умре во последната.

Сушеј веќе повеќе од четвртина век успешно на малите екрани го „оживува“ познатиот мустаќест белгиски детектив. Тој конечно потврди, на радост на фановите на Агата Кристи, дека ќе ги екранизира петте приказни кои досега не се адаптирани.

„Дефинитивно е потврдено дека ќе ги снимиме преостанатите пет. Знаете што ќе биде големото финале“, рече Сушеј (65) кој пред неколку месеци е одликуван за достигнувања во драмската уметност.

Познавачите на Агата Кристи знаат дека последната приказна со Херкул Поаро е „Завеса“, која се завршува со смртта на познатиот детектив.

„Поминав речиси три децении со Херкул, и ќе ми биде неизмерно жал да ја одиграм неговата смрт и да ја гледам сцената на погребот. Но, признавам дека ми се роди желба за поинакви проекти - моментално горам од желба да играм во некоја комедија“, рече Сушеј.

Приказните кои ќе ги гледаме во последната сезона на „Поаро на Агата Кристи“ се „Големата четврока“, „Слоновите паметат“, „Лудоста на мртовецот“, „Работите на Херкул“ и „Завеса“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...