Thursday, 06 August 2009 16:03 Филм
„Harry Potter and Half-Blood Prince“ е најмрачниот и најзанимлив дел досега...

 

6-то продолжение на серијалот Harry Potter е најмрачен, најстрашен и најзанимливиот филм од серијалот до сега, додека третото продолжение од серијалот Underworld ја врати приказната на почетокот, како што направи и Wolverine оваа година.



Секогаш е совршено добро кога филмскиот серијал од продолжение во продолжение станува се подобар. Тоа е прилично ретка работа, затоа што во повеќето случаи и фановите и критичарите се сложуваат дека оригиналниот филм е многу подобар од продолжението. За среќа тоа не е така во случајот за серијалот за најпопуларниот волшебник на светот, Harry Potter. Серијалот кој е снимен според книгите на J.KRowling има издигнувања и падови, но екранизацијата на претпоследната книга е најдобриот филм до сега, иако не станува збор за остварување без маани.

„Harry Potter and Half-Blood Prince“ е најмрачниот, најстрашниот и најзанимливиот дел од серијалот. Воедно новиот Harry Potter сигурно ќе биде најзанимливиот дел од серијалот за возрасни и сите ретки поединци кои не се сместуваат во лути и некритички расположени фанови.



За разлика од претходните продолженија, во овој случај елементот на страшното најмногу се гради на она невидливото и на чувствата како тага и осаменост. Во претходните продолженија кои беа поинтересни за помладите фанови, се беше црно-бело, јасно се знае кој е добар, а кој лош. По принципот црно-бело можат да функционираат само приказните и бајките за мали деца. Правата вистина е дека строгата поделба на добри и лоши не е можно да се пронајде во вистинскиот свет, ниту во фикциите. На крај, една реална слика е нијанса на сивото, односно, никој не е потполно добар или потполно лош, па дури ни самиот Harry Potter.

Основната мана на филмот „Harry Potter and Half-Blood Prince“ е неговата гломазност. Филмот трае премногу долго, дури доволно долго за да го изгубите поимот за времето. Во така долг филм, премногу е тешко да се постигне правиот ритам кој ќе го држи непристрасниот гледач прикован за екранот. Можеби ова претпоследно продолжение на авантурите на младиот волшебник требаше да биде снимено во две продолженија, баш како што е одлучено да биде со екранизацијата на последната книга.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...