ТОП ВИДЕО |
Sunday, 22 April 2012 11:44
Филм
Директорот на студиото „Дизни“, Рич Рос, поднел оставка поради фијаско филмот „Џон Картер“, поради кој оваа филмска куќа изгубила 200 милиони долари. Рос во е-мејл до вработените во студиото напишал дека последните 15 години имал среќа да работи со многу талентирани луѓе во куќа чие име е најомилено во светот, но дека мисли дека положбата на директор во студиото Волт Дизни повеќе професионално не му одговара и дека затоа донел тешка одлука да поднесе оставка. Филмот „Џон Картер“ на Ендрју Стентон кој е снимен во 3D техника, стана еден од најголемите комерцијални промашувања во историјата на Холивуд. Филмот имал буџет од околу 250 милиони долари, отприлика колку што студиото 20th Cenutry Fox потрошило на филмот „Аватар“. „Џон Картер“ заработи само 269 милиони долари во кино-салите ширум светот, додека „Аватар“ заработи 2,8 милијарди. Овој амбициозен филмски потфат далеку дека ги оствари целите за еден филм чиј буџет е околу 250 милиони долари, на што се додаваат околу 100 милиони потрошени за реклама. Компанијата „Дизни“ кон почетокот на овој месец призна дека приходите од овој научно-фантастичен филм се катастрофални, и дека едвај две недели од кога почнало неговото прикажување во светот компанијата загубила 200 милиони долари на него. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|