ТОП ВИДЕО |
Monday, 09 April 2012 21:19
Филм
Арнолд Шварценегер би сакал да глуми во „вистинско“ продолжение на „Терминатор“. Актерот Арнолд Шварценегер кој се прослави со улогата во научно-фантастичниот филм „Терминатор“ изјави дека последното продолжение на популарната филмска сага, Salvation, е ужасен. Во последниот филм главните улоги ги толкуваа Кристијан Бејл и Сем Вортингтон, а тоа е единствен филм во франшизата во кој Шварценегер не играше. „Се обидоа, не велам не. Секогаш вреди да се обидеш. Но, нивната глума и се... го пропуштија возот, едноставно тоа не е тоа“, изјави Шварценегер. Поранешниот гувернер на Калифорнија вели дека повторно со задоволство би го играл киборгот убиец, но има свои услови. „Отворен сум за секаков вид соработка, но под услов да биде направено како што треба, да биде вистински филм, на каков што луѓето имаат навикнато, а не како последниот кој беше ужасен!“ Последниот „Терминатор“ од 2009 година заработи 370 милиони на благајните ширум светот, што го прави најмалку успешно продолжение. Првиот филм од 1984 заработи повеќе од 500 милиони, а вториот 433 милиони долари. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|