ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 28 March 2012 14:39
Филм
Втората сезона на серијата „Игра на тронови“ ќе почне со прикажување во недела, на 1 април, во САД, а во Македонија за претплатените на HBO на 2 арпил, ден по американската премиера. Доаѓа војна во Вестерос. Додека ладните ветрови се креваат, пет кралеви се борат за власт. Сојузи се скопуваат и раскинуваат, индетитетите се преиспитуваат, а страстите бликаат. Улогите се поголеми од било кога - кој ќе го преживее хаосот и ќе седне на Железниот трон? „Игра на тронови“, епска драма сместена во фантастичниот свет Вестерос, е базирана на фантастичниот серијал „Песна за лед и оган“ на авторот Џорџ Р. Р. Мартин. Во земјата во која летата и зимите можат да траат со години живеат амбициозни мажи и жени - чесно, но и оние кои во борбата за власт не се плашат од ништо. Втората сезона на драмскиот серијал „Игра на тронови“, добитник на наградите Еми и Златен глобус, со прикажување започнува во недела, на 1 април, ексклузивно на HBO, а во Македонија на 2 април, само еден ден по американската премиера. Во септември 2011 година „Игра на тронови“ освои две Еми награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар дизајн на воведната шпица и најдобар спореден актер во драмска серија, Питер Динклиџ, кој исто така освои и Златен глобус во категоријата најдобар спореден актер во телевизиска сериија, мини серија или телевизиски филм. Од извршните продуценти Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс ни пристигаат десет епизоди од втората сезона која се снимаше во Дубровник, чии средновековни ѕидини послужија како сцена за главниот град на Вестерос - Кралоград. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|