Tuesday, 20 March 2012 20:21 Филм

Улогата на актерот Џек Николсон во класикот „Лет над кукавичкото гнездо“ е прогласена за најдобра на сите времиња, од страна на магазинот „Тотал филм“...


Станува збор за филмска адаптација на делото на Кен Киси, а како режисер се потпишува Милош Форман. Николсон глуми харизматичен пациент во психијатриска болница, а улогата на предводник на бунтот во болницата му го донесе и првиот од трите Оскари.

На листата помеѓу десетте најдобри се најдоа и Роберт де Ниро за улогата на боксерот Џејк Ламота во филмот „Разјарениот бик“, Даниел Деј Луис за улогата во филмот на браќата Коен „Ќе има крв“, Ал Пачино за улогата во филмот „Кум 2“, Емили Вотсон за улогата на Бес во филмот “Спроти брановите”, Марлон Брандо за улогата во филмот „Доковите на Њујорк“, Дензел Вашингтон за филмот „Малколм икс“ и Лијам Нисон за улогата во „Шиндлеровата листа“. 

Листата има вкупно 200 места, а меѓу актерите со најдобро остварени улоги се најдоа и Силвестер Сталоне како Роки и Хит Леџер како Џокер.

Улоги за паметење имаа и Џони Деп во „Едвард раце-ножици“, Анџелина Џоли во „Моќно срце“, Хавиер Бардем во „Нема земја за старци“, Одри Тату во „Чудесната судбина на Амелија Пулен“, Руни Мара во "Девојката со тетоважа на змеј"... 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...