Thursday, 15 December 2011 16:08 Филм

Иако критиките за режисеркото деби на Анџелина Џоли штотуку пристигнуваат, американските продуценти сметаат дека ова е еден од најдобрите филмови кои се занимаваат со сериозни општествени теми.


Здружението на американските продуценти (PGA) на филмот на Анџелина Џоли, „Во земјата на крвта и медот“, му ја додели наградата „Стенли Крамер“ основана во 2002 година во знак на сеќавање на холивудскиот режисер, а им се доделува на филмови кои се занимаваат со провокативни социјални прашања.

„‘Во земјата на крвта и медот’ е извонреден филм кој прикажува сложена љубовна приказна за време на стравичната војна во Босна, од која посебно повредени беа жените“, рекоа директорите на PGA, Хавк Коч и Марк Гордон.

Некои од претходните добитници на оваа признание се и филмот на Тери Џорџ, „Хотел Руанда“ и документарецот на Ала Гора за глобалното затоплување, „Непријатна вистина“.

Прикажувањето на филмот „Во земјата на крвта и медот“ во кината ширум Америка ќе почне на 23 декември, а медиумите веќе шушкаат дека би можел да биде меѓу номинираните за Оскар. Европската премиера уште не е закажана. 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...