Дали и вас Салем ве асоцира на вештерки? Вештерки кои се обесени на злогласни судења во 1692 година, вештерски куќи, музеј на вештерки и музеј на вештерски пештери...
Целиот град од 41.000 луѓе толку се има идентификувано со својата вештерска историја така што лого со вештерки кои летат ги красат дури и полициските автомобили и униформите на пожарникарите. Маскотата на средното училиште во Салем е, замислете чудо, вештерка.
Модерната вештерска заедница се занимава со вештерство, а дури имаат и сектор за односи со јавноста - Биро за едукација на вештерки. Туристи и трупи го посетуваат градот за време на прославувањето на Ноќта на вештерките која трае цел октомври.
„Вештерот“ Кристијан Деј во слабо осветлена соба на посетителите им напраќа по 65 долари за половина час сеанса која вклучува гледање на карти и во кристална кугла. Во блискиот трговски центар, вампир облечен во црно, со бело лице и лажна крв околу усните стои пред мртвечки сандак и ги плаши посетителите.
Ова се типични моменти од туристичката понуда во Масачусетс. Но, салемските татковци сакаат да им понудат на посетителите нешто повеќе од „вештерство“ и се надеваат дека музеите, историската архитектура и богатата поморска историја ќе ги охрабрат посетителите да поминат повеќе време во нивниот град.
Проценува се дека туристите кои доаѓаат на еден ден во Салем потрошуваат 90 долари, а тие кои преспиваат 210 долари. Со обѕир на тоа дека од туризмот годишно во Салем се заработуваат 99 милиони долари и дека тој претставува главна индустрија во градот, авторитетите со сите сили се обидуваат да ја зголемат заработувачката.
Ова не е прв пат Салем да се обидува да го промени својот имиџ. Пред неколку години, гратските претставници не можеа да се договорат дали акцент да стават на вештерската или поморската историја на градот, па целиот потфат неславно пропадна.
Салем е едно од најзначајните крајбрежја на американското тло. Градот е основан во 1626 година од група рибари, а името го добил по хебрејскиот збор за мир - „шалом“.
Со тек на време станал центар на официјален облик на пиратерија каде капетаните на природни бродови ги запленувале британските трговски поводни средства и го конфискувале товарот. Тоа довело до пораст на богатите морнари кои граделе убави куќи по улиците Кестен, Федералната и Главната.
Салем со текот на времето станал најпрометно крајбрежје со бродови кои заминувале на егзотични локации и се враќале со зачини, уметнички предмети и сувенири кои сега се сместени во музејот „Пибоди“.
„Еден од проблемите ове е што вештерската индустрија во главно е сезонска работа“, рече портпаролот на музејот „Пибоди“, Џеј Фини.
„Всушност, Салем ја прославува Ноќта на вештерките речиси цел месец и тогаш доаѓаат 100.000 луѓе. Но, што се случува со остатокот од годината? Потребно е ресторантите, музеите и другите понуди на луѓето да им покажат дека Салем е многу повеќе од вештерки“, додаде тој.
За да ја прошират понудата, авторитетите инвестирале 200 милиони долари во реновирање на музејот Пибоди, што довело до тоа овој музеј годишно да го посетуваат меѓу 200.000 и 300.000 луѓе, што повторно доведе до отварање на нови ресторани, продавници и хотели во центарот на Салем.
Посетителите и понатаму доаѓаат во Салем за да купуваат во продавниците за вештерки, да ја истражуваат мрачната страна на човечката природа, но многу се изненадуваат кога ќе сфатат дека оваа гратче може да понуди и богата историја која нема врска со озлогласениот лов на вештерки од седумнаесетти век.