Friday, 15 January 2010 19:14 Култура

Wanderlust ја објави годишната ранг листа на чудата кои што до крајот на годината можат да бидат катастрофално оштетени...

Многуте туристи, лошото планирање, недоволната безбедност, глобализацијата и урбанизацијата се дел од причините за чудата на светот да бидат под постојана закана да исчезнат.

Вади Рум - црвената пустина во Јордан

Грандиозната црвена пустина е една од природните светски чуда на светот со природни чуда и огромните песочни долини. Се смета дека токму во неа ги водел стадата библискиот Исав,  а денес таа е роден дом на бедуински племиња.

Јангшо, Кина

Малото и мирно градче привлекува со разновидните прекрасни ридови кои го прават невообичаен и исклучително убав. Приливот на туристи годишно изнесува над 3 милиони.

Тулум, Мексико

Урнатините на Тулум, распоредени на 12 метри теснини на источниот брег на Јукатан, се едни од најдобро зачуваните споменици од цивилизацијата на Маите. Урбинацијата и конструкцијата на брегот си го прават своето.

Стоунхенџ, Велика Британија

Еден од најпознатите историски споменици, чија појава легендите ја поврзуваат со имињата на Мерлин и Артур, се простира на средината помеѓу два автопати. Кон него треба да се додаде и желбата на туристите (над 1 милион годишно) да однесат парче од споменикот со себе.

Maчу Пикчу, Перу

Дворци, храмови и домови на 2 430 метри надморска височина на Андите се задржани од изгубениот град на Инките. Бил создаден како планинска резиденција на големиот владетел на Инките Пачакути I век пред неговата империја да падне.

Џајсалмер (Златниот град), Индија

Џајсалмер најпознат со истоимената своја тврдина. Тој e изграден на ридот Трикута или брдото со три врвови. Најголемата закана за неговите песочни основи е водата.

Tимбукту, Мали

Некогашниот економски, интелектуален и религиозен исламски центар е под закана од проширувањето на пустината, а исто така е под закана и од туристите кои ги уништуваат историските објекти.

Големиот австралиски залив

Рајското место помеѓу Австралија и Тасманија долго остануваше голема тајна на континентот. Откако го откри  Lonely Planet, го снајде иста судбина како и на модерните одморалишта.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...