ВИЦ

Починала Трпана и отишле на погреб, кога завршил погребот, најблиските
заминале кај Трпе. Времето наеднаш многу се влошило, почнало да светка и
да грми многу силно. Тогаш Трпе излегол на тераса погледнал кон небото и
рекол:- Ете ја, стигна.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 09 October 2013 13:21 Култура

Најстарото кино во светот, каде што се прикажани првите филмови на браќата Лимиер во 1899 година, ќе ги отвори повторно своите врати во град во јужна Франција после основните поправки...

Гламурозните виолетови седишта ќе ги заменат валканите стари столици, свежа жолта боја и мозаик ќе ја красат фасадата, а на местото на старите теписи се направени дабови подови. Киното "Еден" , што ги затвори своите врати во 1995 година, е целосно подготвено за свеченото отворање.

Актерките Јулија Бинош и Натали Баји и режисерот Роман Полански се меѓу ѕвездите кои се очекува да присуствуваат на утрешната церемонија во градот Ла Сиота, во близина на пристанишниот град Марсеј.

Токму во киното "Еден" браќата Лимиер ги проектираа првите подвижни слики пред 250 зачудени гледачи на 21 март 1899 година. Уште пред тоа браќата ја покажувале својата работа на други места, прво во богатиот дом на нивниот татко, а потоа и во други кина кои повеќе не постојат.

Со текот на времето "Еден" станува истовремено кино и театар и бројни француски филмски ѕвезди како Ив Монтан и Фернандо играле таму на почетокот на својата кариера. Но, во 80-тите години на минатиот век за филмот настапуваат тешки времиња, кога тогашниот сопственик е убиен од крадци, кои се обиделе да ги земат неговите пари.

Потоа зградата ги отвора вратите за само една недела секоја година, за да го прифати фестивалот на француските филмови до затворањето во 1995 година. Поддржувачите на стариот, историски споменик не се откажуваат од борбата за повторно отворање, но само кога Марсеј е прогласена за европска престолнина на културата за 2013 година, локалните власти даваат согласност за поправка на вредност од 6 милиони евра.

"Еден" ќе работи како нормално кино, предводено од приватен оператор, а посетителите ќе можат да ги видат и постојана изложба, посветена на раните години на анимационото кино. На фасадата на зградата ќе биде поставена ласерска инсталација која вечер ќе ја отсликува воз во чест на филмот од 50 секунди "Пристигнување на воз во Ла Сиота", снимен од браќата Лимиер во 1895 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...