Thursday, 08 October 2009 18:08 Култура
Jude Law во улога на Хамлет, не доби мноу сјајни критики...

Актерот Jude Law направи мала пауза од филмската кариера, а во меѓувреме прифати да игра во улога на Хамлет, која често ја опишуваат како една од најтешките улоги на англиски јазик и воопшто. Претставата премиерно била одиграна пред неколку дена во бродвејскиот театар Broadhurst, критичарите имаат полни раце работа, а критиките сеуште пристигаат на адреса на редакцијата.



Освен Jude Law, во претставата играат Geraldina James како Кралица на Данска и мајка на Хамлет, Kevin R. McNally како Кралот на Данска, Ron Cook како дворски коморник, Peter Eyre во улога на дух, Gwilym Lee како синот на Полониј и Gugu Mbatha-Raw како ќерката на Полониј, Офелија.



Лондонската претстава е наградена со поволни рецензии кои главно се фокусирани на интерпретацијата на многу тешките и силни стихови со кои Law ја уверувал англиската публика. Меѓутоа, американската продукција ги разочарала на повеќето критичари. „Дожд од млаки критики заврна над Jude Law и целата продукција“ - пишувало во американските медиуми. „Претерано физичкиот настап на Jude Law може да се спореди со спортист кој се припрема за Олимпијадата. Луѓето кои се во потрага на интроспектива во човекот кој е синоним за таа активност, можат да останат само збунети, затоа што овој Хамлет никогаш не погледна во себе, што значи дека не пораснал како лик“ - пишува критичарот Ben Brantley од New York Times.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...