Sunday, 13 January 2013 15:49 Култура

Критичарите го осудија првиот официјален портрет на војвотката од Кембриџ, на кој Кејт (31) изгледа многу постаро.

Уметникот Пол Елмсли имаше чест прв да ја овековечи на платно војвотката од Кембриџ, но британскиот печат го погреба неговото уметничко дело.

„Не знам дали ова е Кејт или нејзината баба“, е само една од оценките на портретот на кој војвотката навистина изгледа многу постаро.

„Косата како да почнала да и побелува, а на лицето се гледат линии, сенки и брчки кои ги нема во реалноста. Портретот е одвратен, досаден и вистинска катастрофа“, напиша уредникот на „Британскиот весник за уметност“ Робин Сајмон.



Кејт и принцот Вилијам дојдоа на откривањето на сликата во Националната галерија на портрети, и скромно и со насмевка го пофалија уметникот.

„Баш е убав, навистина прекрасен“, рече идната мајка Кејт, а Вилијам се согласи дека „навистина е прекрасен“.

Бритнаскиот печат не се согласи со љубезните пофалби на славниот пар, туку делото на Елмсли го оценија како катастрофа и навреда за војвотката која штотуку наполни 31 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...