Thursday, 05 January 2012 13:56 Култура

Археолог аматер во Лондон на крајбрежјето на Темза пронашол жетон за кој британските професионалци сметаат дека во римско време служел за плаќање на услугите на проститутките.


Бронзениот жетон покажува маж и жена во сексуален однос, а британските историчари веруваат дека тоа е првиот примерок од таков жетон досега пронајден во таа земја, пренесува Daily Mail.

Во калта на крајбрежјето на реката лежел цели 2.000 години, пред да го ископа 37 годишниот Реџис Карсан, со помош на детектор за метал. На грбот на жетонот се наоѓала римската бројка XIIII, за која професионалците сметаат дека го претставува бројот на вистински парички, кои Римјаните морале да ги платат за да го купат. Овој очигледно, според тоа, чинел 14 парички.

Цената на тој жетон, според мислењето на историчарите, изнесувала колку и целодневната плата на тешка физичка работа во римско време, во првиот век од нашата ера. Сопственикот со него можел да го посети било кој од тогашните лондонски бордели и да добие сексуални услуги за него.

Карсан жетонот го пронашол кај мостот Патнеј, и рекол дека тој ден нивото на водата на Темза било посебно ниско. Паричката ја донирал во лондонскиот музеј, каде ќе биде изложена следните три месеци.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...