Monday, 03 June 2019 21:12 Фудбал

Шпанија | „Кралевите“ се обидуваат да ја намалат цената на Пол Погба, па на „ѓаволите“ се подготвени да понудат дури тројца играчи и тоа Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас.



Пол Погба е една од желбите на Зинедин Зидан за засилување на тимот, но Манчестер јунајтед не планира лесно да се откаже од Французинот. Намерата е да го задржат фудбалерот од средниот ред, но доколку тој реши да замине, тогаш ќе бараат најмалку 150 милиони евра.

Оваа сума Реал Мадрид не планира да ја плати, но „кралевите“ се подготвени да вметнат неколку играчи. Тајмс пишува дека прв е Герет Бејл, Велшанецот не е дел од плановите на Зизу и на овој начин тие ем ќе се ослободат од играчот ем ќе бидат поблиску до ангажман на Пол Погба.

Сепак, Герет Бејл се проценува на околу 80 милиони евра, речиси двојно помалку од она што „ѓаволите“ го бараат. Па затоа и Хамес Родригез ќе биде ставен во понудата исто како и Кејлор Навас.

Останува да се види дали една ваква комплицирана зделка ќе може да биде изведена и дали понудените играчи се вклопуваат во плановите на Оле Гунар Солскјер за иднината.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...